Достапни линкови

Роди ме мајко функционер и фрли ме на буниште


Пратениците неодамна изгласаа да си ги зголемат платите за 5 отсто.

Пратениците неодамна изгласаа да си ги зголемат платите за 5 отсто.

Сите луѓе се еднакви, ама фукционерите се малку поеднакви од нив. Си ги покачија платите и заштедуваат по десетици илјади евра.

Орвеловата перцепција на општетсвото која датира од 1945 година која ја лансира веќе вонвременската нејзина интерпретација „сите луѓе се еднакви, но некои се поеднакви од нив“ ја има и денеска во погледите на најголемиот број македонски граѓани кои утрата ги поминуваат во паркот со поглед насочен кон републичкото Собрание каде што седат нивните демократски избрани претставници.
Треба ли народот да умре, а тие да живеат двојно.

„Нивните плати си ги покачија, за администрацијата, а за нас пензионерите велат ќе ги покачиме во 2012, ама кога ќе биде тоа којзнае.“

За македонските стандарди тоа е висока плата, меѓутоа ако ја работиме работата како што јас ја работам и како што мислам дека ја работам, а мислат и други, навистина платата е многу ниска во споредба со тоа колку вложуваме, колку даваме или колку би зеле во друга држава да се води ваков град како што е Охрид.
„Имаат повеќе од нас, од нас сиромаштијата, ниската класа. Никој нас не не прашува, избори кога ќе дојдат ние треба да бидеме тука“, велат анкетираните граѓани.

Пред неполни два месеца, во тешка економска година, која во светот се ублажува со антикризни мерки кои предвидуваат и рестрикции на привилегиите на државните функционери, пред очите на разгневените македонски граѓани чија сиромаштија расте, народните претставници изгласаа зголемување на платите на избраните и именуваните функционери за пет проценти. Така платата на претседателот на државата од 78.000 се искачи на 82 илјади, на претседателот на Собранието од 88.000 на 92 илјади, на тројцата потпретседатели на Собранието од 74.000 на 77.000 денари, на пратениците од 60.000 на 63, односно 67.000, на министрите на слично ниво, како и на градоначалниците.

Експертите рекоа дека на овој начин светската криза ќе падне најмногу на грбот на граѓаните, но нивните реакции не го спречија донесувањето на измените во законот.
Согласно она што јас го имам како искуство од разговори со колегите од другите држави, апсолутно не е споредливо.

„Криза е, самите треба да бидат свесни дека не може да си ги зголемуваат платите.“

„Да се угледаат на Европа, сите одат надолу, а тие, зарем им е мала платата.“

„Треба ли народот да умре, а тие да живеат двојно“, велат граѓаните што ги анкетиравме.
Денар по денар, десетици илјади евра заштеда.

Денар по денар, десетици илјади евра заштеда.


Да бевме во странство ќе замавме повеќе

Градоначалниците на Велес и на Охрид, Горан Петров и Александар Петрески, велат дека иако нивните месечни примања делуваат прилично повисоко од просечните во македонски услови, одговорноста на нивната работа сосема ги оправдува.

Секаде, државниот службеник поради својата моќ, поради позицијата, мислам особено на функционерите, секаде се радо примени, вратите им се отворени и друго, за жал кај нас е многу присутна корупцијата. Високите позиции во државната служба се искористуваат за жал би рекол за корупционерски цели, по пат на корупција да се заработи нешто повеќе и многу повеќе од она што се заработува преку редовната плата.

„За македонските стандарди тоа е висока плата, меѓутоа ако ја работиме работата како што јас ја работам и како што мислам дека ја работам, а мислат и други, навистина платата е многу ниска во споредба со тоа колку вложуваме, колку даваме или колку би зеле во друга држава да се води ваков град како што е Охрид“, вели Петрески.

„Согласно она што јас го имам како искуство од разговори со колегите од другите држави, апсолутно не е споредливо“, вели првиот велешанец Петров.

Градоначалникот на Велес вели дека доколку се живее скромно и доколку работи уште еден во семејството, од неговите месечни примања може да се направи и заштеда.

„Тоа е случајот и со мене, значи јас колку и да се трудам, јас нити претходно сум живеел толку раскалашено, нити сметам дека има потреба од толкав трошок, да се трошат тие средства што доаѓаат како личен доход“, вели Петров.
Архивска фотографија: Протест на стечајците пред влада.

Архивска фотографија: Протест на стечајците пред влада.


Никој не прашува што прават со државните ресурси
Почнувајќи од тоа дека со службени возила се носат деца на училиште, до користење на службени телефони за обавување на приватни разговори. Ние не разговараме за тоа дека службените телефони се користат за приватни разговори и дека тоа не може така. Немаме информации за тоа дали постојат ограничувања за тие сметки за највисоките функционери. Како се користат службените возила и дали се користат и тие за приватни цели и зошто да се користат за приватни цели. Значи ние не разговараме на овие теми воопшто во нашето општество, но тоа се теми за кои министри поднесуваат оставки во други држави.

Основните привилегии на државните службеници се уредени со законите и правилниците и тие не отстапуваат многу од она што е вообичаено и е во рамките на стандардите. Ако се погледнат месечните примања, тие сами по себе не би требало да ги прават атрактивни функциите кои што носат и многу одговорности, вели професор Борче Давитковски. Но, заинтересираноста за нив е сепак голема, што покажува дека постојат и други мотиви да се стаса до функција.

„Секаде, државниот службеник поради својата моќ, поради позицијата, мислам особено на функционерите, секаде се радо примени, вратите им се отворени и друго, за жал кај нас е многу присутна корупцијата. Високите позиции во државната служба се искористуваат за жал би рекол за корупционерски цели, по пат на корупција да се заработи нешто повеќе и многу повеќе од она што се заработува преку редовната плата“, додава професор Темелко Ристевски.

Ваквото практикување на функциите е се уште можно и карактеристично за македонски услови, па затоа и се случува тие да бидат атрактивни и за веќе успешни бизнисмени, додава Ристевски.

Постојат многу малку анализи кај нас за тоа како оние кои добиле мандат на избори од страна на граѓаните подоцна ги трошат нивните пари, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернејшнел. Во Македонија се уште не постојат јавни дебати околу практикувањето на функциите, отчетноста за квалитетот, нивното обавување, ниту пак за одговорноста. Се уште никому од оние кои што стапиле на функција се уште не му е поставено прашањето за стекнат имот во меѓувреме, ниту пак за потрошените средства за патувања, за ограничување на разговорите од службениот телефон или начинот на користење на службените автомобили.
Ако некому сумата му изгледа преголемо за 6,5 години пратеник, тоа е негов проблем. Колку и да сакаат со задна намера да ме прашаат, ве уверувам дека сум една од десетте, претпоставувам најсиромашни пратеници, повелете и вие.

„Почнувајќи од тоа дека со службени возила се носат деца на училиште, до користење на службени телефони за обавување на приватни разговори. Ние не разговараме за тоа дека службените телефони се користат за приватни разговори и дека тоа не може така. Немаме информации за тоа дали постојат ограничувања за тие сметки за највисоките функционери. Како се користат службените возила и дали се користат и тие за приватни цели и зошто да се користат за приватни цели. Значи ние не разговараме на овие теми воопшто во нашето општество, но тоа се теми за кои министри поднесуваат оставки во други држави“, вели Тасева.

Ова се прашања на трошење на народните пари и неопходно е подигање на свеста кај граѓаните дека тие имаат право да ги поставуваат, додава Тасева.

Според професор Борче Давитковски, ова е пред се прашање на отчетноста и моралот на избраните функционери кое, како што вели, во светот се решава со морални кодекси.
Тие имаат задача да не откриваат ништо за власта, како ги краде парите и ги пере парите. Тие немаат функција да откриваат криминал, па кажете ми кој криминал го открија. Тие само гонат вештерки, само зошто Бранко не го пријавил имотот, говорам пример, бидејќи тоа е толку како пример користено, жена му имала на Корчула имот или во Белград, а не го пријавил и ајде ќе го качиме на кусо магаре. А, тие не знаат колку милиони стекнуваат дневно, ама никој не смее да ги гони и тоа може да дојде до израз утре, некоја нова власт кога ќе дојде ќе го праша Груевски од каде ти се овие три милиони евра за финансирање на партијата и тој мора да каже.

„Тие кодекси не само да фаќаат прашина и да им кажуваме на странците, еве имаме етички кодекс, туку навистина треба да се почитуваат од страна на оние за кои се донесени.“

Според Тасева, станува збор и за политичка волја која би ги покренала институциите да водат сметка за одговорното трошење на парите од граѓаните. Да се тргне во анализа, вели Тасева, на кој начин се користат привилегиите, дали може и смее да се заштеди од патни трошоци или да се купи имот по поволни услови во момент кога функцијата овозможува располагање со информации. Дневниот весник Дневник објави информација дека пратеници од внатрешноста остваруваат заштеда од патни трошоци во висина од 30.000 евра годишно.

Поранешната судијка во Судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска вели дека овде веќе се отвораат прашања на рационалното трошење на буџетските пари.

„Како тие ги заштедиле, ајде да прашам, патуваат со едно возило?! Ако патуваат со едно возило значи патните трошоци им се Х поделено на 4-5 души колку што патувале.“

Власта раат, опозицијата под лупа

Пратеничката Весна Бендевска којашто во анкетниот лист доставен до антикорупциската комисија пријавила заштеда од патни трошоци во висина од 15.000 евра не сакаше да објасни како се постигнува таквата заштеда, но вели дека тоа не е невозможно за периодот од 6,5 години и дека не станува збор за ништо што е нелегално и необично.
Oд наша страна се упатува писмо до сите надлежни институции, значи почнувајќи од УЈП, продолжувајќи до Централен регистар, до Катастар и гледаме по добиените податоци да ја провериме имотната состојба, дали она што го имаме добиено од релевантните институции се совпаѓа со она што е прикажано во анкетниот лист.

„Ако некому сумата му изгледа преголемо за 6,5 години пратеник, тоа е негов проблем. Колку и да сакаат со задна намера да ме прашаат, ве уверувам дека сум една од десетте, претпоставувам најсиромашни пратеници, повелете и вие.“

Експертите се прашуваат и дали е морална набавката на одреден имот од страна на државни функционери користејќи ги информациите со кои што располагаат додека се на функција. Користењето на моќта и контактите, можноста од нудење возвратни услуги и поткуп се главните привилегии со кои располагаат носителите на функции во земјава, велат експертите. Во развиените демократии веќе не е можно да остане незабележана секоја приватна трансакција од службена сметка, секој приватен разговор од службен телефон, секое приватно патување на државна сметка и сл. Голем дел од привилегиите на нашите функционери потекнуваат и од недоречености во законот и од преголемите дискрециони права. Механизми постојат и кај нас, но не функционираат поради партизираноста на институцуиите и телата коишто се надлежни да ги спроведуваат, посочуваат експертите.

„Прво, контролата внатре во самата институција. Контролата од страна на органите надлежни за спроведување на таа контрола, УЈП, Државната комисија за спречување на корупцијата, сите тие имаат начин и законска можност да поведат постапки за проверка и пред некој да им поднесе барање. Велат, не добивме пријава, тоа е најчестиот одговор и тоа е најпогрешниот одговор“, вели Тасева.

Преседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Воислав Зафировски вели дека со воведувањето на системот за контрола на анкетните листови со помош на надлежните институции, како што се УЈП и Централниот регистар, ја надминува состојбата на пасивен набљудувач на она што го објавува. Овој систем е воведен минатата година и се спроведува според последните броеви од матичниот број на функционерите така што перманентно се одвива.

„И од наша страна се упатува писмо до сите надлежни институции, значи почнувајќи од УЈП, продолжувајќи до Централен регистар, до Катастар и гледаме по добиените податоци да ја провериме имотната состојба, дали она што го имаме добиено од релевантните институции се совпаѓа со она што е прикажано во анкетниот лист“, вели Зафировски.

Сепак, надлежните институции во земјава се уште смеат да им поставуваат прашања за сомнително стекнат имот само на членови на опозицијата, но не и на актуелните функционери, вели пратеникот Тито Петковски од опозициската НСДП.

„Тие имаат задача да не откриваат ништо за власта, како ги краде парите и ги пере парите. Тие немаат функција да откриваат криминал, па кажете ми кој криминал го открија. Тие само гонат вештерки, само зошто Бранко не го пријавил имотот, говорам пример, бидејќи тоа е толку како пример користено, жена му имала на Корчула имот или во Белград, а не го пријавил и ајде ќе го качиме на кусо магаре. А, тие не знаат колку милиони стекнуваат дневно, ама никој не смее да ги гони и тоа може да дојде до израз утре, некоја нова власт кога ќе дојде ќе го праша Груевски од каде ти се овие три милиони евра за финансирање на партијата и тој мора да каже.“

Станува збор за институции коишто се партизирани и коишто не си ја вршат својата функција така како што се прави тоа во развиените земји каде што данокот е издигнат на ниво на култ, а функцијата јавен обвнител некоја која може да го повика на одговорност и претседателот на државата, вели Петковски.

Отчетноста е клучна за демократијата

Професор Давитковски го смета за главна кочница и нефункционирањето на механизмите на контрола, како што се интерпелацијата, пратеничките прашања или анкетната комисија.

„Факт е дека во изминативе 20 години колку што имаме демократија и повеќепартиски систем од 1991 година, ни еден функционер не одговарал политички за вршење на квалитетот на својата функција, тоа е многу битно да се каже. Ние демократија не може да развиваме само во повеќепартиски систем, слободни избори и тн., кога основното начело на демократијата е отчетноста и одговорноста на носителите на јавни функции. Кај нас се уште никој не одговарал за квалитетот на вршење на функцијата. Друго е дали некој направил кривично дело, тоа е веќе ирелевантно.“

Сите нив ги има во Уставот, разработени се во Деловникот, но не функционираат, додава професор Давитковски. Законската регулатива постои, но таа, ниту во делот на одговорното вршење на државните функции не функционира и тоа е оној клучен елемент којшто го посочува Европската унија, но и од кој клучно зависи степенот на развој на демократијата во земјава заклучуваат експертите.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG