Достапни линкови

ИПИС: Граѓаните високо ја оценуваат чесноста на Претседателот Иванов


Мнозинството граѓани сметаат дека претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов чесно ја извршува својата функција, покажува телефонската анкета спроведена од 16 до 19-ти овој месец, од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).
Во анкетата 71,8 отсто од 1.109 испитаници се изјасниле дека Иванов чесно ја извршува функцијата, 20,2 отсто одговориле негативно и 8 отсто немале одговор.
Позитивно мислење имаат 54,7 отсто од испитаниците, 30,6 отсто негатино, додека 14,6 отсто немале одговор.
Според статистиката во однос на истото прашање во 2009 година позитивно мислење имале 45 отсто од граѓаните, во 2010 - 42 отсто, во 2011 - 49 отсто, додека оваа година рејтингот е покачен на 55 отсто.
На прашањето како ја оценуваат политиката и работата на претседателот во однос на прашањето за името, 62 отсто од анкетираните се со позитивен став, 31,4 отсто се изјасниле негативно, додека 6,7 отсто немале одговор.
XS
SM
MD
LG