Достапни линкови

Лустрација - проширена и надградена


Претседателот на Комисија за верификација на факти Томе Аџиев.

Претседателот на Комисија за верификација на факти Томе Аџиев.

Власта предлага нов закон за лустрација. Опозицијата на ова гледа како на обид на власта да ја продолжи борбата против неистомислениците.

Предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за сосема нов закон за лустрација, опозициските партии го карактеризираат како неморален и како обид на власта да ја продолжи борбата против неистомислениците.
Се претерува, значи ако му даваш за право на секој граѓанин да прави барање за да лустрира друг граѓанин, што ќе се случи? Да бидеме практични, сите граѓани ќе почнат од нивните соседи и тоа ќе створи омраза кај граѓаните.

Според опозицискиот СДСМ, со предложениот закон власта продолжува да се конфронтира со Уставниот суд, негирајќи ги неговите одлуки. Со тоа, велат од партијата, се продлабочуваат поделбите во општеството и се поткопува уставниот поредок на државата.
Државен архив, лустрација.

Државен архив, лустрација.


Од Демократската партија на Албанците, пак, го повторуваат веќе познатиот став дека не се против лустрацијата како процес, но се сомневаат дека новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е искрен и со чесни намери.

Со предлогот меѓудругото се предвидува јавно објавување на имињата на соработниците и можност физчки лица да имаат пристап до информациите собрани за нив, на нивно барање или на барање на нивни роднини, вклучително и лица овластени од нив со полномошно заверено од нотар.
Таа граница кај олигарсите ќе ги исклучи оние нови олигарси кои станаа олигарси за време на сегашната влада на Груевски и тие нема да бидат на проверка.

„Се претерува, значи ако му даваш за право на секој граѓанин да прави барање за да лустрира друг граѓанин, што ќе се случи? Да бидеме практични, сите граѓани ќе почнат од нивните соседи и тоа ќе створи омраза кај граѓаните“, изјави пратеникот на ДПА, Зиадин Села.

За партијата е симптоматично и тоа што мета на лустраторите ќе бидат кодошите до 2006 година, односно годината кога ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски доаѓа на власт.

„Покажува само по себе дека намерата не е чиста.“

Но тоа, според Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, било препорака од странските експерти.

„Резултатот на 150 експерти, дека примената треба да го вклучува, не само периодот до 1990-та година, туки и периодот до донесување на закон за слободен пристап до јавните информации, кај нас тој закон е од 2006-та година.“

Од Демократската унија за интеграција, велат дека новиот предлог закон ќе ја врати уличната лустрација во институците. Талат Џафери од оваа партија уверува дека новите предложени решенија ги дорегулираат нејаснотиите на актуелниот закон.

„Се овозможува за секој кој мисли дека има оригинален документ, да може тоа да го даде на комисијата, значи официјално и комисијата да поведе постапка за да ја докажува веродостојноста на тоа што е оригинално.“

Со новиот закон се предлага да се лустрираат и лица кои стекнале капитал во претпријатија со општествена сопственост, односно лицата што учествувале во приватизацијата. Токму тоа, според предлагачот на постоечкиот закон Стојан Андов, може да биде симптоматично ако се земе предвид временскиот опфат на кодошите до 2006 година.

„Таа граница кај олигарсите ќе ги исклучи оние нови олигарси кои станаа олигарси за време на сегашната влада на Груевски и тие нема да бидат на проверка.“

Според Андов, се работи за целосно нов закон кој од неговиот предлог го има задржано само форирањето на Комисијата за верификација на фактите како надлежна за лустрацијата.

И при подготвувањето на овој закон не се земени предвид забелешките на Уставниот суд, кој деновиве треба да ја донесе конечната одлука, откако пред два месеци ги стави во мирување спорните одредби од Законот за лустрација.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG