Достапни линкови

logo-print

Волебек - Владата ги потценува меѓуетничките проблеми


Обраќање на високиот претставник за национални малцинства во ОБСЕ, Кнут Волебек, пред собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците. Скопје, февруари, 2012

Обраќање на високиот претставник за национални малцинства во ОБСЕ, Кнут Волебек, пред собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците. Скопје, февруари, 2012

Високиот комесар за малцински прашања на ОБСЕ Кнут Волебек и порача на Владата посериозно и поактивно да се зафати со решевање на меѓуетничките проблеми.

Високиот комесар за малцински прашања на ОБСЕ Кнут Волебек смета дека состојбата на меѓуетнички план е влошена и изрази загриженост за неодамнешните меѓуетнички инциденти. Тој, во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, изјави дека многу луѓе со кои зборувал во земјава му потврдиле дека гледаат влошување и многу меѓуетнички инциденти. Волебек и порача Владата посериозно и поактивно да се зафати со решевање на проблемите на долгорочен план.
Се надевам дека владата гледа на меѓуетничките односи како на важно прашање, се надевам. Но, ако ме прашате дали ги сфаќа доволно сериозно, не сум сигурен. Понекогаш чувствувам дека моите соговорници, луѓето со кои се среќавам, се обидуваат да го минимизираат тоа. Се разбира, не треба да го правиме полошо отколку што е, но треба да бидеме реалистични.

„Се надевам дека владата гледа на меѓуетничките односи како на важно прашање, се надевам. Но, ако ме прашате дали ги сфаќа доволно сериозно, не сум сигурен. Понекогаш чувствувам дека моите соговорници, луѓето со кои се среќавам, се обидуваат да го минимизираат тоа. Се разбира, не треба да го правиме полошо отколку што е, но треба да бидеме реалистични. Овие проблеми, меѓуетничките проблеми во оваа земја нема да исчезнат ако ги затвораме очите, затоа што вие, кои живеете во оваа земја знаете подобро од мене дека тоа е дел од историјата. А историјата покажува дека во едно општество што е поделено, како што е ова, потребна е само мала искра за да предизвика голем оган. Затоа ќе ја повикам владата навистина одлучно и сериозно да се зафати со ова прашање пред да стане доцна.“
Средба на премиерот Никола Груевски со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек

Средба на премиерот Никола Груевски со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек


Волебек додава дека е потребна мала искра за да се запали пожар во земјава поради тензиите кои постојат. Тој ги предупредува политичките партии да престанат со меѓусебни обвинувања за тоа кој е иницијатор на инцидентите и да ги решат проблемите.
Не е доволно само да се спроведува она што е Рамковниот договор, Рамковниот договор ни обезбеди мир овие 10 години, меѓутоа треба нешто повеќе да се направи, бидејќи израснаа нови генерации, се школуваа нови генерации на Македонци, Албанци, Роми, Турци, коишто бараат шанси во општеството, но не можат да ги добијат во онаа мера во која би требало.

„Остро би предупредил од ова да не се прави партиско-политички проблем. Мислам дека е многу поголемо од тоа и мислам дека ќе биде многу, многу опасно ако политичките партии почнат да ги користат меѓуетничките тензии или етничката припадност како алатка, едни против други. Тоа може да биде искрата за која толку многу зборував. Мислам дека, наместо меѓусебно да се обвинуваат, треба да работат заедно и да речат, што ние како политичари може заеднички да направиме, да не го правиме ова партиско-политичко прашање, туку како да направиме општество за сите. Ние и понатаму може да не се согласуваме за многу прашања, но не треба да ја користиме етничката припадност за да освоиме власт.“

За само два месеци, ова е втора посета на Волебек на Скопје.

Професор Мирјана Малеска вели дека недоволно се работи на подобрувањето на меѓуетничките односи, а тоа е она што треба да им биде на прво место на агендата на политичарите, затоа што од добри меѓуетнички односи зависи безбедноста и стабилност на државата.

„Не е доволно само да се спроведува она што е Рамковниот договор. Рамковниот договор ни обезбеди мир овие 10 години, меѓутоа треба нешто повеќе да се направи, бидејќи израснаа нови генерации, се школуваа нови генерации на Македонци, Албанци, Роми, Турци, коишто бараат шанси во општеството, но не можат да ги добијат во онаа мера во која би требало, бидејќи македонското општество не напредува со онаа брзина која е неопходна особено за мултиетнички држави каде што секоја социјална тензија може да се претвори во меѓуетничка тензија.“

Таа додава дека е нормално владејачката коалиција да го минимизира значењето на инцидентите, затоа што не може сама себе си да се критикува дека не вложува доволно во подобрување на состојбата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG