Достапни линкови

ЕУ ги проширува санкциите против личности од Сирија, Иран и Белорусија


Министрите за надворешни работи на Европската Унија, на денешниот состанок во Брисел се очекува да воведат нови санкции против Сирија, Иран и Белорусија. Според дипломатски извори, сопругата на сиријскиот претседател Башар Ал Асад е на листата од 12 личности на кои ќе им биде забранет влез и смрзнати сметките во земјите на Европската Унија. Претходно вакви санкции беа воведени за 150 сиријци, поврзани со режимот на Асад. За Иран црната листа од 61-на личност, ќе биде проширена уште за 18 лица, а во врска со Белорусија, ембарго ќе биде воведено за 29 фирми и 12 луѓе. Досега 230 лица од Белорусија се на црната листа на ЕУ.
XS
SM
MD
LG