Достапни линкови

Едно лице пукало врз случајни минувачи во населба Хиподром


Во скопската населба Хиподром, 55 минути по полноќ Х.Б. 20- годишен од Скопје со автоматска пушка пукал неконтролирано при што три лица се повредени во две патнички возила „Голф“ и „Рено лагуна“.
Во „голфот“ биле две лица и тоа Б.Н. (29) и неговата девојка К.Н. (22) двајцата од Скопје, кои биле пренесени во Градската болница - Скопје каде им се констатирани телесни повреди нанесени од скршеното стакло на автомобилот од испуканите проектили.
Сторителот Х.Б. продолжил и понатаму да се движи и да пука со автоматската пушка, при што потоа погодил автомобил „Рено лагуна“. Од скршеното стакло на „лагуната“ се здобил со повреди во пределот на главата Г.У (22) од Скопје.
Од МВР информираат дека Х.Б. не застанал и повторно продолжил да се движи и да пука.
По преземените мерки полицијата околу 01.20 часот го уапсила.
Изршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок против Х.Б..
XS
SM
MD
LG