Достапни линкови

Русија бара од владата на Сирија да го направи првиот чекор


Сирискиот најмоќен сојузник Русија бара конфликтот во Сирија да биде стопиран и наведува дека претседателот Башар Ал Асад треба да го направи првиот чекор.
Русија и Кина претходно ја блокираа резолуцијата на Советот за Безбедност на ОН со која се осудува владата на Ал Асад поради насилствата. Но сега и двете земји кои се најмоќните поддржувачи на Сирија го повикуваат Ал Асад итно да престане со насилствата и да отпочне разговори со некои од претставниците на опозицијата.
XS
SM
MD
LG