Достапни линкови

АНА се заканува дека со сила ќе ги спречи српските избори во Косово


Албанската национална армија се закани дека со сила ќе се спротистави на секој обид на организирање на српски избори во Косово, објави денеска порталот „Балкан инсајт“. АНА која се залага за обединување на Косово со Албанија испратила до „Балкан инсајт“ и до другите медиуми меил во кое се наведува дека е подготвена за повторно реактивирање за да го заштити Косово. Според групата, четири години по независноста Србија не прекинала да го саботира Косово.
Тие ја повикаа меѓународната заедница да го спречи започнувањето на балканска војна.
XS
SM
MD
LG