Достапни линкови

САД, Русија и Франција со повик за решавање на конфликтот за Нагорно Карабах


Вежби на ерменската војска во Нагорно Карабах

Вежби на ерменската војска во Нагорно Карабах

САД, Русија и Франција ги повикаа Азербеџан и Ерменија да покажат политичка волја, која е потребна да се постигне мирно решавање на нивниот конфликт за Нагорно Карабах. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, рускиот и францускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Ален Жупе ја дадоа изјавата по повод одбележувањето на 20 годишнината на официјалното барање за свикување на конференција да се стави крај на конфликтот.
Тие ги повикаа лидерите на двете страни да го подготват нивниот народ за мир, а не војна.
XS
SM
MD
LG