Достапни линкови

Уредниците знаат како треба, ама не го прават тоа


Има колеги, и уредници и новинари, коишто точно знаат дека не треба да го прават тоа што го прават, но така настапуваат зашто така им чини, вели претседателот на ЗНМ Насер Селмани на трибината за улогата на медиумите во смирување на меѓуетничките тензии.

Улогата на медиумите во смирување на меѓуетничките тензии е насловена трибината во организација на Здружението на новинари на Македонија. Мораме да се согласиме дека Македонија е поделено општество, во кое системот гради такви вредности, вели претседателот на ЗНМ Насер Селмани.
Има колеги, и уредници и новинари, коишто точно знаат дека не треба да го прават тоа што го прават, но така настапуваат зашто така им чини. Од кои причини, ние може само да претпоставуваме.

„По логика на нештата и медиумите ни се поделени. Прашањето е дали медиумите можат да опонираат на поставеноста на овој систем или полесно е да се прилагодат на околината.“

Има најмалку два фактори поради кои известувањето на македонските медиуми за меѓуетнички прашања не е на ниво на професионалните стандарди, вели Селмани.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Насер Селмани, претседател на ЗНМ.


„Има колеги, и уредници и новинари, коишто точно знаат дека не треба да го прават тоа што го прават, но така настапуваат зашто така им чини. Од кои причини, ние може само да претпоставуваме. Другиот момент е што имаме помлади колеги новинари кои не се доволно обучени од своите редакции кога следат такви настани да можат одговорно и професионално да ја извршуваат нивната задача“, вели Селмани.

Имаме ние македонски специјалитети во тој контекст на говор на омраза, групи кои се издвоија во последниве 3-4 години – омраза по основ на партиска припадност, омраза кон припадници на цивилното општество и омраза кон новинари.
Расна, верска и национална омраза, мизогинијата и хомофобијата се основните категории на говорот на омразата, вели директорот на Центарот за развој на медиуми Роберто Беличанец.

„Имаме ние македонски специјалитети во тој контекст на говор на омраза, групи кои се издвоија во последниве 3-4 години – омраза по основ на партиска припадност, омраза кон припадници на цивилното општество и омраза кон новинари.“

Претставникот на УНЕСКО Зојка Наскова вели дека дел од тензиите кои се создаваат околу ова прашање се поради преклопувачки улоги на медиумите:

„Тие се местото каде се одвива демократската дебата, каде се разменуваат информациите и каде се манифестира културниот израз. Тоа е едната улога. Но, и самите медиумите се општествен играч, актер. Делувајќи како критички набљудувач на моќните институции, јавни и приватни, и како фактор кој бара отчет од властите. Како општествен фактор, тие исто може да бидат еднострана, пристрасна сила и инструмент за конфликт.“

Не може повеќе да се игра со деформирање на вестите, вели претставникот на Советот за радиодифузија Бранко Радовановиќ.

„Не може да се игра повеќе со нецелосни вистини, не може да се игра повеќе со половни вистини и не може повеќе да се игра со половни уредници и поволни, на крајот на краиштата, наши колеги, ако може да ги наречеме колеги.“
XS
SM
MD
LG