Достапни линкови

Дневен печат - политиката пред се


Најавата на скопскиот градоначалник дека ќе купува пајтон, партиските препукувања и маршот за мир, се само дел од темите за кои пишуваа дневните весници изминатата недела.

Се чини дека кај нас нештата се како онаа народната: село гори, баба се чешла.

На насловна страница, Вечер, под наслов „Уште една туристичка атракција во метрополата“, гордо најавува дека „Коце купува пајтон!“, поточно, дека наскоро по скопските улици липицанери ќе влечеле пајтони-кабриолети со помошен покрив во случај на дожд.
Во државната администрација завладеала паника по најавите дека Владата ќе ги пребројува и прераспределува вработените и дека особено на удар ќе била дипломатијата каде што поради прекумерните вработувања сопартијци има вишок вработени.
Утрински весник.

Дневен Капитал пишува дека Земјоделскиот комбинат Пелагонија ќе се тркал со турски Суташ за пропадната млекарница Сведмилк.

Утрински информира дека во државната администрација завладеала паника по најавите дека Владата ќе ги пребројува и прераспределува вработените и дека особено на удар ќе била дипломатијата каде што поради прекумерните вработувања сопартијци има вишок вработени.

Локалните избори се дури догодина, но според засилените партиски активности - како да се за некоја недела. Вечер во неколку изданија ги пренесува обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за струмичкиот градоначалник, дека, наводно, правел голем бизнис со парите на струмичани, дека купувал новогодишни пакетчиња од своја фирма и така натаму.
Советот за радиодифузија не го прифатил предлогот на ДУИ која побарала „Мрак за телевизија Сител“ бидејќи, „Латас повикува на војна“.
дневен Фокус.

Нова Македонија ги анализира настапите на Црвенковски на трибини низ градовите, дека напаѓал со адути каде што тој или неговата СДСМ најмногу потфрлиле во времето кога владееле. Истиот весник информира дека на состанокот на дипломатскиот и на советот за безбедносни прашања на СДСМ, било заклучено дека немало владина офанзива пред Чикаго и дека меѓуетничките односи се целосно потценети од актуелната власт.

По изјавата на Ермира Мехмети дека би била среќна со заедничка албанска држава, како што пишува, Дневник прашува: „Кој е поголем Албанец, ДУИ или ДПА?“.

Утрински и Нова Македонија го одбележаа викенд-маршот за мир по скопските улици организиран од неколку невладини организации како одговор на меѓуетничките инциденти во Скопје, Тетово и Гостивар.

Дневниот Фокус насловува дека во Советот за радиодифузија не се прифатил предлогот на ДУИ што побарал „Мрак за телевизија Сител“, бидејќи, како што насловува, „Латас повикува на војна“.

Утрински пренесува дека на собраниската расправа околу Предлог-програмата за одбележување годишнини од значајни настани и личности се развила жестока расправа и дека СДСМ смета дека предлогот да се слави 100-годишнината на албанското знаме со државни пари е резултат на пазар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ: опозицијата смета дека се редифинира македонскиот идентитет со тоа што во Предлогот се испуштени многу значајни датуми и личности од македонската историја.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG