Достапни линкови

Сиромаштијата раѓа криминал, а криминалот страв


Вестите за инциденти и за чести грабежи и напади последниов период внесоа еден вид на урбан страв меѓу граѓаните, велат социолозите.

Ослободени се двајца навивачи од навивачката група „Балисти“ кои нападнаа полицаец во Тетово, со калашников изрешетан автомобил при што загина сопстевник на менувачница, претепано момче во Чаир, каменуван автобус со ученици на патот Куманово – Скопје, тешко повредена струмичанка по банална расправија. Ова се дел од насловите кои ја полнат црната хроника деновиве. Ваквите инциденти, вестите за чести грабежи и напади последниов период внесе еден вид на урбан страв меѓу граѓаните, велат социолозите.
Еве со мали деца, се се мислиш дека некој ќе ти излезе од некаде, дека нешто може да ти се случи, не се чуствувам безбедно, се некако со страв, гледам да ги завршам работите порано, покасно не се движам низ градот.
Анкетиран граѓанин.

Дел од граѓаните се плашат навечер да излезат сами и да прошетаат низ градот.

„Еве со мали деца, се се мислиш дека некој ќе ти излезе од некаде, дека нешто може да ти се случи, не се чуствувам безбедно, се некако со страв, гледам да ги завршам работите порано, покасно не се движам низ градот. “

„Излегувам навечер, ама обично не сум сама така не се чуствувам нешто загрозено, среќа децата не ми се тука, па не можам да го почуствувам стравот што го имаат другите родители.“

Оние кои се во посета на Скопје, велат дека не чувствуват тензија и страв затоа што, според нив, инцидентите и нападите во градот се од политичка природа, а тоа е далеку од нив.
Главно има општествено економски аспекти на оваа појава што ни се случува за овие девијации, од една страна имаме сериозни проблеми од егзистенцијална природа кај населението кои предизвикуваат оправдани фрустрации, револт и понекогаш на тоа да се накалеми одредени националистички тензии, да сметаат дека друг е виновен за нивната состојба што тие се наоѓаат во таква ситуација.
Нелко Стојановски, социолог.

„Дефинитивно за во Скопје некако мислам дека е на политичка база, а кај нас во Штип криминалот е заради сиромаштија, немаштија.“

Дел од граѓаните сметаат дека она што се случува во градот во изминатиов период, меѓуетничките инциденти па и нападите и грабежите се далеку од нив и не се многу загрижени за својата безбедност.

Социолозите сметаат дека во овој период кога постојано се зборува за меѓуетничи инциденти, криминалците го користат метежот околу нив и дел од нив се затскриваат зад таа завеса.

Професор Нелко Стојановски вели дека урбаниот страв се чувствува само во неколку поголеми градови во земјава како Скопје, Струга, Гостивар, Куманово или Тетово, затоа што во останататите средии кои се со етнички мешан состав,климата на односите на луѓето во тие средини е поинаква. Тој вели дека постојат многу причини за ова што ни се случува во изминатиов период.

„Главно има општествено економски аспекти на оваа појава што ни се случува за овие девијации, од една страна имаме сериозни проблеми од егзистенцијална природа кај населението кои предизвикуваат оправдани фрустрации, револт и понекогаш на тоа да се накалеми одредени националистички тензии, да сметаат дека друг е виновен за нивната состојба што тие се наоѓаат во таква ситуација.“

Тој вели дека во период кога нагло осиромашува населението, последицата е раст на криминалот, насилството кај младите и нивно девијантно однесување.

„Нели имаше разбојништва, напади за ситни финансиски средства, беа ограбувани луѓе, менувачници. Од литературата може да се покаже дека сиромаштијата доведе до покачување, и во овој момент кога имаме масовно осиромашување на населението можно е да имаме и такви. И сега стравот не треба да биде од тој аспект, туку и гледате дека она што се случува дел не се само етнички тензии, страв има и затоа што и во рамките на еден етницитет има напади.“

Стојановски додава дека е потребно да се преземат сериозни мерки за да се спречи понатамошен развој, доколку тоа не се направи можно е состојбата во општетвото да ескалира и да добие несакани размери.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG