Достапни линкови

Форум за улогата на медиумите во смирување на етничките тензии


Здружението на новинарите на Македонија денеска организира форум на тема „Улогата на медиумите во смирување на етничките тензии“. Форумот е во рамки на Проектот за меѓуетнички дијалог во медиумската заедница, поддржан од УНЕСКО како дел од Заедничката програма на Обединетите нации за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка. Поканети за учество се одговорните и главните уредници на електронските и печатените медиуми, како и на дел од веб порталите, а гости ќе бидат претставници на странските амбасади и на меѓународната заедница во Македонија.
XS
SM
MD
LG