Достапни линкови

Клинтон: Хрватска, лидер во Југоисточна Европа


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

,,Хрватска е лидер во Југоисточна Европа и полноправна членка на трансатланската заедница, со која Соединетите држави заеднички ќе работат на решавање на глобалните проблеми,, изјави синоќа во Вашингтон американскиот државен секретар Хилари Клинтон пред состанокот со хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусиќ. Таа додаде дека САД ги поддржуваат бројните реформи кои Хрватска ги спровела за да стане полноправна членка на трансатланската заедница. Според Пусиќ, Хрватска може да придонесе за стабилизација на целиот регион, што е заеднички интерес на Загреб и Вашингтон.
XS
SM
MD
LG