Достапни линкови

logo-print

Продолжува „ловот“ на убиецот од Тулуз


Три силни експлозии се слушнале доцна синоќа во Тулуз, во југозападна Франција, во близина на зградата каде што е забарикадиран осомничениот сериски убиец и која повеќе од 24 часа е под опсада на полицијата. Осомничениот Мохамед Мерах претходно во разговор со полицијата ја презел одговорноста за трите напади во кои беа убиени седум лица, велејќи дека тие биле инспирирани од Ал Каеда.
Според Франс прес, детонациите се знак дека полицијата тргнала во напад, откако осомничениот не се предал, како што претходно најавил.
XS
SM
MD
LG