Достапни линкови

logo-print

БиХ во јуни ќе побара членство во ЕУ


Бакир Изетбеговиќ

Бакир Изетбеговиќ

Босна и Херцеговина планира во јуни да поднесе барање за членство во Европската унија, изјави во Брисел бошњачкиот член на колективното Претседателство Бакир Изетбеговиќ по средбата со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Тој изрази надеж дека БиХ ќе може да го измени Уставот со цел да го усогласи со одлуката на Европскиот суд за човекови права, според која босанскиот систем на владеење, поделен меѓу трите народи, Србите, Хрватите и Бошњаците, претставува дискриминација кон Ромите и Евреите.
Баросо оцени дека треба да се заврши уште многу работа во БиХ и додаде дека бараните измени на Уставот се решавачки услов за потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу БиХ и ЕУ, што како што рече, претставува важен чекор кон членството во Унијата.
XS
SM
MD
LG