Достапни линкови

logo-print

Поздравена декларацијата на СБ на ОН за Сирија


Кофи Анан и Бан Ки Мун

Кофи Анан и Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека е охрабрен од јасната и обединета порака на Советот за безбедност упатена до Сирија. Усвоената декларација за Сирија беше поздравена и од американската државна секретарка Хилари Клинтон и од Белата Куќа, како и од Кина, а специјалниот пратеник за Сирија Кофи Анан изјави дека е охрабрен од поддршката од Советот за безбедност и ги повика сириските власти да одговорат позитивно.
Советот претходно ја усвои декларацијата со која се дава целосна поддршка на посредничката улога на Анан со цел завршување на едногодишното насилство во Сирија и се бара од Дамаск да го примени предложениот план од 6 точки. Во декларацијата се бара од сирискиот претседател Башар ал Асад и од опозицијата во целост веднаш да го применат планот кој го предложил Анан за време на разговорите во Дамаск.
XS
SM
MD
LG