Достапни линкови

Белорусија: забрана за опозиционери да ја напуштат земјата


Белорускиот претседател Александар Лукашенко потврди дека неговата влада составила список од политички опоненти и активисти на кои им е забрането да ја напуштат земјата. Во интервју за телевизијата РТ, тој изјави дека „листата е направена, но сешуте не е целосно ставена во акција“. Лукашенко додаде дека потегот е одговор на одлуката на ЕУ за ограничување на патувањата на неговите соработници поради нивната улога во репресирањето на политичката опозиција. Европската Унија планира на утрешниот министерски состанок да ја прошири листата на лица на кои ќе им биде забрането да патуваат во земјите од ЕУ.
XS
SM
MD
LG