Достапни линкови

logo-print

Аеродромот во Прага ќе се вика Вацлав Хавел


Чешката влада ги исполни желбите и петицијата на десетици илјади граѓани и донесе одлука меѓународниот аеродром во Прага да го добие името на Вацлав Хавел- писател, борец за човекови права и последен претседател на Чехословачка, а прв на независна Чешка.
Одлуката беше поздавена од иницијаторите на оваа идеја, која беше поддржана и од градските власти во Прага, а задоволство изрази и вдовицата на Хавел, Дагмар, која потсети дека во многу земји аеродромите ги носат имињата на големи државници.
XS
SM
MD
LG