Достапни линкови

Проблемите на Железница- проблеми на целиот бизнис


По принудните одмори во Македонски железници, бизнисмените се загрижени за транспортот.

Било какво отежнување на железничкиот транспорт секако ќе влијаат врз работењето, велат претставници на бизнис секторот, посочувајќи дека внимателно ја следат ситуацијата. Од синдикатите на вработените во железницата велат дека одлуката за праќање на 650 вработени на принуден одмор, меѓу кои и машиновозачи, сериозно ќе се одрази на квалитетот на транспортните услуги.
Така што секое случување во железничкиот транспорт има директно влијание врз нашето работење. Веруваме дека овој случај со одење на вработени на принуден одмор, менаџментот на Македонски железници го има тоа предвид и дека нема да има влијание врз тековното работење на самата компанија.


Директорот на Макстил, една од најголемите извозни фирми во земјава, Александар Панов вели дека осумдесет проценти од влезниот и излезен транспорт од компанијата се одвива преку железниците.

„Така што секое случување во железничкиот транспорт има директно влијание врз нашето работење. Веруваме дека овој случај со одење на вработени на принуден одмор, менаџментот на Македонски железници го има тоа предвид и дека нема да има влијание врз тековното работење на самата компанија.“

Претседателот на независниот синдикат на машинскиот персонал во Македонски железници - Транспорт Ристо Пејовски вели дека засега нема одговор од надлежните во претријатието за економската оправданост на одлуката месечно по 650 вработени да одат на принуден одмор.
Се одвива со потешкотии, со тоа што од машиновозачите дополнително се бара предвреме да доаѓаат на работа, да останат повеќе од предвидените часови на работа. Праксата покажува дека не е оправдана одлуката за принудни одмори.

„Дали таа бројка ќе се одрази директно на штета на организацијата на работа, на опслужувањето на возовите, дали ќе се реализира тоа, со тие пари што би се заштедиле, колку ќе се заштедат, каде ќе се искористат тие пари? На тие прашање ќе бараме одговор и од генералниот директор.“

Пејовски додава дека одлуката на раководството влијае на динамиката на железничкиот сообраќај.

„Се одвива со потешкотии, со тоа што од машиновозачите дополнително се бара предвреме да доаѓаат на работа, да останат повеќе од предвидените часови на работа. Праксата покажува дека не е оправдана одлуката за принудни одмори.“

Марјан Ристевски од синдикатот на Македонски Железници Инфраструктура предвидува дека мерката за принуден одмор нема многу да трае.

„Би апелирал до владата да се најдат средства, дали преку субвенции или конечно ќе дозволат да се воведе нов оператор зашто на ваков начин мислам дека железницата навистина тешко ќе функционира.“

Дел од медиумите јавуваат дека со цел намалување на трошоците 100 вработени од државните фирми биле прогласени за технолошки вишок.
XS
SM
MD
LG