Достапни линкови

logo-print

Промовиран третиот том од „Мијаци – Приказна од западната страна“


Промоција натретиот том од „Мијаци – Приказна од западната страна“ на Мелетије Брковски – Мијак

Промоција натретиот том од „Мијаци – Приказна од западната страна“ на Мелетије Брковски – Мијак

Нецели три години по појавувањето на првата книга, беше промовиран и третиот том од „Мијаци – Приказна од западната страна“ на Мелетије Брковски – Мијак. Во него авторот дава сублимиран приказ на главните белези на Мијаците како специфичен ентитет на тој простор и надвор од него.

По неколкудецениско, интензивно собирање, читање, проучување, истражување и селектирање на илјадници страници, како и разни фотографии сочувани во разни архиви, библиотеки, музеи во и надвор од Македонија, се обидов сето тоа да го обдеинам во ова тритомно издание насловено „Мијаци – Приказна од западната страна“.
Од неа како од моќен кладенец протекува длабоката човечка потреба да се запомни тоа што било, со секоја приказна да се открие смислата, светлината и зборот за Македониумот, за битисувањето на тие што како Македонци се родиле.

Започнав од 1773 година кога е родена тресончанката Сирма Војвода, а завршувам со 1984-та кога престана да чука јуначкото срце на битушанецот, генералот Тихомир Тиќо Милошевски. Меѓу нив двајца се опишани збиднувањата, појавата на значајните личности кои оставиле трајни белези за Мијакот – Мијачијата, но и за Македонецот и цела Македонија. Мојот тритомен труд може да се каже дека претставува еден вид Мелетије Брковски – Мијак

Мелетије Брковски – Мијак

енциклопедија на творештвата на Мијаците во Македонија. Ова ќе го забележи, во пресрет на промоцијата, авторот на „Мијаците – приказна од западната страна“ - Мелетије Брковски – Мијак.

За него, за неговиот труд распослан на над 3000 страници, професор доктор Благица Петковска вели дека е негово животно дело, дека тој како да е реинкарнација на Ѓорѓија Пулевски во ова наше време и дека ...

„Од неа како од моќен кладенец протекува длабоката човечка потреба да се запомни тоа што било, со секоја приказна да се открие смислата, светлината и зборот за Македониумот, за битисувањето на тие што како Македонци се родиле.“

Промотерката професор – доктор Виолета Мартиновска, од своја страна, откако ќе забележи дека како и поетите кои целиот свој живот пишуваат една песна, Мелетије Лазаров Брковски раскажува една единствена долга приказна. Таа потенцира дека од неговиот труд во кој генерално е употребен асоцијативно-компаративен пристап исијува огромна енергија и дека книгата е преполна со факти кои едноставно бараат полемика. Како пример за тоа посебно ги наведува корицата токму на третиот том на која се Неверни Тома и Исус и мијачкото знаме.

„Знамето што овде е приложено е всушност мијачкото знаме со кое што авторот прави една компарација со знамето на Хунзите и присуството на овие елементи кои што ни се добро познати.“

А, хроничарот и публицист Мијак, кон ова само со дополна:

„Книгата е работена со мерка, со волја , со желба.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG