Достапни линкови

Попоски-нелегалната блокада од Грција е единствената пречка за НАТО и ЕУ


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на конференцијата за македонските евроатлантски перспективи во Парламентот во Копенхаген изјави дека Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ, а единствена пречка е нелегалната блокада од Грција.
Во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго, Попоски рече дека Македонија очекува хашката пресуда да не биде игнорирана, а одложената покана за членство да биде ефектуирана.
Според него, Македонија преговорите со ЕУ треба да ги започне во јуни заедно со Црна Гора, бидејќи нема ниту еден валиден аргумент тоа да не се случи. Tаквиот развој на настаните, додава Попоски, ќе помогне за решавање на прашањето за името
XS
SM
MD
LG