Достапни линкови

Филипос Сахинидис официјално нов министер за финансии на Грција


Филипос Сахинидис официјално е новиот министер за финансии на Грција, откако положи заклетва пред претседателот на државата Каролос Папуљас. Тој ја презема функцијата од досегашниот министер за финансии Евангелос Венизелос, кој беше избран за претседател на социјалистичката партија ПАСОК.
Досега Сахинидис беше заменик-министер за финансии во коалицискиот кабинет на премиерот Лукас Пападимос.
XS
SM
MD
LG