Достапни линкови

Демантирано апсењето на осомничениот за убиствата во Тулуз


Француската полиција пред зградата на осомничениот за убиствата во Тулуз

Француската полиција пред зградата на осомничениот за убиствата во Тулуз

Француското министерство за внатрешни работи ги демантира наводите на француските медиуми дека бил уапсен осомничениот за убиството на тројца војници и четири лица пред едно еврејско училиште во Тулуз. Медиумите претходно јавија дека осомничениот бил уапсен по 12 часовните преговори со полицијата, која ја опколи зградата во која се наоѓа неговиот стан. Властите се сомневаат дека тој бил поврзан со Ал Каеда и сакал да се одмазди за палестинските деца и да ја казни Франција, поради нејзините интервенции во странство.
XS
SM
MD
LG