Достапни линкови

Фудбалските натпревари Тетекс-Напредок и Шкендија-Вардар сепак ќе се одиграат. Создадени се безбедносни предуслови натпревари да има, велат од тетовската полиција.

Откако пред една недела беа одложени, денеска и утре сепак се играат фудбалските натпревари Тетекс-Напредок и Шкендија-Вардар. Последните проценки на полицијата и организаторите покажале извесно релаксирање на атмосферата во Тетово, а со тоа биле создадени сите предуслови за безбедно одигрување на натпреварите.

Тој што е организатор, тој си ги сноси последиците, ние сме само насочувачи на натпреварите, значи ние ги насочивме, а тие не известија дека си ги пријавиле и дека ќе се одиграат на местото каде што се.
„Нашите проценки говорат дека се создадени безбедносни предуслови за непречено одигрување на натпреварите“, изјави портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски.
Прослава 100 години фудбал во Македонија

Прослава 100 години фудбал во Македонија


За денешниот натпревар не се преземени посебни безбедносни мерки, но утрешниот дуел меѓу екипите на Шкендија и Вардар, кој е прогласен за натпревар од зголемен ризик, ќе биде обезбедуван од поголем број на полицајци, поради ризикот од можни инциденти, вели Јосифовски.
Овој закон некако се чини дури намерно не се спроведува а тоа е една од главните причини за создавање на тензии во општеството и фактички цело општество се чуствува заложник на некои мали изолирани групи на навивачи и хулигани врз кои не се спроведува законот.

Од Фудбалската федерација на Македонија објаснуваат дека тие не прават проценки за тоа кога и каде ќе се одигра одреден натпревар. За тоа одлучуваат клубовите, кои отако ќе ги преземат сите потребни мерки за организрање на натпреварот, ја известуваат ФФМ, која само го насочува натпреварот, вели Миле Спиркоски, комесар за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија.

„Тој што е организатор, тој си ги сноси последиците, ние сме само насочувачи на натпреварите, значи ние ги насочивме, а тие не известија дека си ги пријавиле и дека ќе се одиграат на местото каде што се.“

И додека надлежните смируваат, аналитичарите предупредуваат дека треба да се биде внимателен со ваквите спортски натпревари. Во услови кога имаме разнишани меѓуетнички односи и бран инциденти кои се случија деновиве, требаше да почека со одигрувањето на конкретните фудбалски натпревари, сугерира професор Здравко Савески. Покрај безбедносните мерки на полицијата, во земјава треба да се почитува и законот со кој се спречува неспортското однесување на натпреварите, а со кој се предвудуваат парични казни за секое физичко лице кое ќе извикува националистички пароли, вели тој.

„Овој закон некако се чини дури намерно не се спроведува, а тоа е една од главните причини за создавање на тензии во општеството и фактички цело општество се чуствува заложник на некои мали изолирани групи на навивачи и хулигани врз кои не се спроведува законот.“

Двата натпревари со кои ќе биде комплетирано дваесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига, требаше да се одиграат минатата недела, но ФФМ и Шкендија по долги натегања, ги прифатија препораките на МВР да се одложат натпреварите, поради оперативните сознанија од теренот дека се можни нереди и инциденти меѓу навивачите на спротивставените екипи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG