Достапни линкови

Евробарометар: Македонците сметаат дека се добро информирани за ЕУ


Според истражувањето на Евробарометар во Ноември 2011, 43 проценти од испитаниците во Македонија веруваат дека се добро информирани за прашања поврзани со ЕУ наспороти 38 отсто во ноември 2010. Во Унијата, пак, 33 отсто од анкетираните сметаат дека се добро запознаени со овие теми.
Огромно мнозинство од граѓаните во цела Европа најчесто ја користат телевизијата како извор на информации поврзани со ЕУ. Четирипати повеќе испитаници во Македонија отколку во Унијата го делат мислењето дека телевизијата нуди премногу информации поврзани со ЕУ (44% наспроти 11%), додека 39 отсто во земјата и 54 отсто во ЕУ веруваат дека таквите информации се присутни во доволна мера. Еднаков број испитаници во земјата (по 42%) сметаат дека телевизијата ја претставува ЕУ „премногу позитивно“ и „објективно“. Во Унијата, првото гледиште го делат 16 проценти, а второто 55 отсто од граѓаните.
Во периодот ноември 2010 – ноември 2011, бројот на Интернет корисници во земјата се зголемил од 42 на 50 отсто (во Унијата, од 63% на 64%). Интернетот како извор на информации поврзани со ЕУ го користат 29 проценти од испитаниците во земјата и 26 во ЕУ. Од нив, најголем број им даваат приоритет на информативните вебстраници во однос на институционалните
XS
SM
MD
LG