Достапни линкови

Француската полиција започна голема рација во Тулуз


Слика на тројцата убиени војници

Слика на тројцата убиени војници

Француската полиција во градот Тулуз рано утринава започна рација за да го пронајде осомничениот за убиството на тројцата војници и на тројца ученици и еден рабин во едно еврејско училиште. Специјалните сили првин се препукувале со осомничениот, а потоа отишле да го приведат.
На местото на настанот бил и францускиот министер за внатрешни работи. Францускиот министер изјави дека осомничениот тврдел дека е поврзан со Ал-Каеда и дека бил во Авганистан.
„Тој сакаше одмазда за палестинските деца и исто така сакал да и се одмазди на француската армија поради своите интервенции во странство", изјави министерот.
Во рацијата се повредени најмалку двајца припадници на специјалните сили.
XS
SM
MD
LG