Достапни линкови

ОН- „неприфатливо“ што во Авганистан се убиваат странските сили


Американски војници во Авганистан

Американски војници во Авганистан

Претставникот на ОН во Авганистан, Јан Кубис, предупреди дека нападите врз меѓународните сили по убиството на 16 цивили и по палењето на Куранот, може да го поткопа ангажманот на меѓународната заедница да му помогне на авганистанскиот народ.
Јан Кубис пред Советот за безбедност на ОН изјави дека е „неприфатливо“ што во Авганистан се убиваат странските сили кои ги обучуваат локалните безбедносни сили.
Тој се надева дека влијанието на инцидентите ќе биде „привремено“.

Авганистански амбасадор во ОН, Захир Танин изјави дека неодамнешното палење на Куранот и тоа што еден американски војник застрела 16 цивили, може да ја намали довербата на авганистанскиот народ, затоа што настаните може да предизвикаат тага, лутина, и фрустрација меѓу народот. Тој рече дека сторителите на тие инциденти мора да бидат повикани на одговорност.
XS
SM
MD
LG