Достапни линкови

Лавров-ако биде нападнат Иран ќе произведе нуклеарно оружје


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека нема доказ оти Техеран донел политичка одлука да произведе нуклеарно оружје, но најверојатно ќе го стори тоа доколку биде нападната земјата. Тој упати критика кон иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за заканата дека ќе го уништи Израел во минатото, што е неприфатливо.
Лавров исто така рече дека Москва е загрижена од извештаите за плановите на САД да ги задржат воените бази во Авганистан и Централна Азија по повлекувањето на НАТО силите од Авганистан. Според него, Русија би сакала да знае која е нивната цел и дека таквите бази можат да бидат користени против земјите од третиот свет.
XS
SM
MD
LG