Достапни линкови

ЕУ ќе предложи нови санкции за Иран и Сирија


Министите за надворешни работи на ЕУ се очекува да ги зголемат санкциите врз Иран и Сирија на состанокот во Брисел во петок. Според дипломатски извори, ЕУ ќе предложи визна забрана и замрзнување на имотот на 18 Иранци одговорни за кршење на човековите права. Министрите ќе ја одобрат и одлуката за спроведување на ембарго на нафтата од Иран.
Тие планираат да дополнат уште неколку имиња и на листата за санкции на Сирија за да извршат притисок врз властите да го прекинат насилството врз опозицијата.
XS
SM
MD
LG