Достапни линкови

Украина-Јулија Тимошенко обвинета за велепредавство


Поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко

Поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко

Мнозинството во украинскиот Парламент гласаше поранешниот премиер Јулија Тимошенко да биде обвинета за велепредавство, поради преговорите за гас со Русија во 2009 година. Тимошенко во моментов ја отслужува седумгодишната затворска казна за злоупотреба на функцијата за време на тие преговори, кои резултираа со зголемување на цените на гасот кој го увезува Украина од Русија.
Според извештајот, Тимошенко дејствувала во прилог на странска земја, бидејќи нејзината фирма му должела на руското министерство за одбрана 400 милиони долари.
Кабинетот на Тимошенко ги отфрли обвинувањата.
XS
SM
MD
LG