Достапни линкови

Расте бројката на загинати по серијата експлозии во Ирак


Експлозија во ирачкиот град Карбала

Експлозија во ирачкиот град Карбала

Најмалку 45 луѓе загинале, а околу 200 се повредени во серија на бомбашки напади во Ирак. Најголем број настрадани имало при екплозијата во шиитскиот свет град Карбала и Киркук, каде загинале по 13 лица. Координирани експлозии чија цел биле безбедносни сили и шиитски региони денеска се случиле и во Багдад, Хила и на други места.
До нападите доаѓа на 9-тата годишнина од американската инвазија врз Ирак. Инаку, во Багдад во наредната недела треба да се одржи и самит на Арапската Лига.
XS
SM
MD
LG