Достапни линкови

Земјоделците бараат субвенциите да им се исплаќаат навреме, тогаш кога парите им се најпотребни. Доцни исплатата на субвенциите за лозарите и на производителите на житни култури.

Еден месец по најавите дека ќе добијат пари за субвенции за површина лозов насад, многу малку од лозарите на своите сметки го добија стимулот за работа од државата. Според информациите од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството досега се исплатени 215 милиони денари, а исплатата треба да продолжи за вкупно 16 илјади лозари.

Кога ќе аплицираш во 2012-та, до 31 јуни 2013-та законски до тогаш тие пари треба да се исплатат. Е, сега како има Владата, така пушта на некој“, вели Тоде Лазаревски кој се занимава со производство на пченица.
Индикативен е примерот не само со лозовите насади туку и со житните култури. Она што земјоделците го иницираат е дека овие пари мора навреме да ги добиваат.

„Кога ќе аплицираш во 2012-та, до 31 јуни 2013-та законски до тогаш тие пари треба да се исплатат. Е, сега како има Владата, така пушта на некој“, вели Тоде Лазаревски кој се занимава со производство на пченица.
Претседателот Ѓорге Иванов и вицепремиерот Зоран Ставрески на свечено закројување на винова лоза во Демир Капија.

Претседателот Ѓорге Иванов и вицепремиерот Зоран Ставрески на свечено закројување на винова лоза во Демир Капија.


Ако ги добијат субвенциите во почетокот на пролетниот период, тогаш ќе можат квалитетно и навремено да ги извршат сите подготовки за отпочнување на производството а со тоа ќе постигнат и најголеми резултати, вели Тоде Лазаревски.

„Овој месец, сега се најпотребни, сега ќе почне да се ора за сончоглед, за пченка, пролетните култури сега се припремаат, нафтата гледате 80 денари, нафтата е поголемиот трошок во земјоделието.“
За оваа година не беше лошо, јас се чудам 100 илјади евра имало неисплатено за 2010-та година, еве 2011 се искомплицира, државата е очигледно во некаква ситуација да нема доволно сретства, еве гледате и стопанствениците бараат сретства, невратено ДДВ, изгледа е некаква ситуација во недостиг на сретства.

Пред еден месец владата ја усвои годинешната програма за подршка на земјоделството во вредност од 113 милиони евра. Субвенциите се поголеми за 12 отсто од лани. Поголем акцент е ставен на сточарството и на градинарството. Експертите велат дека буџетот кој се издвојува за земјоделството е доволен со оглед на можностите на државата. Според нив, државата не може да гарантира датуми кога ќе пристигнуваат пари на сметките поради кризата која општо веќе погодува некои сектори.

„За оваа година не беше лошо, јас се чудам 100 илјади евра имало неисплатено за 2010-та година, еве 2011 се искомплицира, државата е очигледно во некаква ситуација да нема доволно сретства, еве гледате и стопанствениците бараат сретства, невратено ДДВ, изгледа е некаква ситуација во недостиг на сретства“, вели професор Борис Анакиев.

Тој подолго време иницира потреба од изработување долгорочна програма со која државата ќе ги определи националните приоритети, односно нејзини стратешки култури во земјоделството.

„Се лута, секоја година се прават експерименти, од друга страна нема анализи, не можете да дојдете до информации за која култура колку е планирано, колку е исплатено и колку и дали таа култура за неколку години дала резултати. Значи има резултати, но не е тоа колку што би можело да има, што би требало да има со оглед на условите.“

Во меѓувреме во лозарскиот сектор незадоволство од состојбите има и поради тоа што на лозарите не им е платено ниту предаденото грозје од винарските визби. Лозарите пред еден месец на протести ги бараа нивните побарувања во висина од над два милиони евра од претпријатија од тиквешкиот регион кои откупувале грозје. Но нивното вниманието потоа беше насочено кон субвенциите кои владата им ги најави како добра вест на денот на лозарите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG