Достапни линкови

Повеќе од 350 илјади граѓани поднеле барање за легализација на дивоградба, но само 3,5 отсто од нив добиле решение за легализација.

Процесот со легализација на дивоградбите во втората фаза е речиси закочен. Според податоците на Mинистерството за транспорт и врски наведени во нивниот отчет, до почетокот на годинава над 350 илјади граѓани поднеле барање, но само 12 илјади добиле решенија, што значи дека само 3,5 проценти од нив завршиле работа во општините и добиле потврда дека нивните објекти не се дивоградби.
Едно повлекува друго, други документи плус, парите не се како што викаа за 1 евро, тоа повлекува плус даноци, така да мислам дека застојот сепак е во администрацијата.

Постапката се соочува со потешкотии, па доколку ваквиот тренд продолжи и во следните шест години кои се определени за целосно разрешување на процесот, тогаш би излегло дека општините до крајниот рок нема да можат позитивно да одговорат ниту на половина од поднесените барања на граѓаните.

Дел од граѓаните сметаат дека вината е во општините кои многу бавно одговараат на апликациите и дека не е се онака како во рекламите.
Главниот проблем за сите дивоизградени објекти се имотно-правните односи. Граѓаните своите имоти, своите парцели кога ги купиле не ги префрлиле на свое име, па така имотот со генереации се уште се води на тие од кој е купен имотот.

„Едно повлекува друго, други документи плус, парите не се како што викаа за 1 евро, тоа повлекува плус даноци, така да мислам дека застојот сепак е во администрацијата.“

„Некаде помеѓу, и граѓаните и општината.“

„Повеќе е на граѓаните вината, до последниот рок чекаат да донесат само барање, а камоли другите документи да ги прибават.“

Граѓаните како да заборавија дека откако ќе поднесат барање за легализација на дивоградба, треба и да ги комплетираат документите, велат градоначалниците. Тие тврдат дека општината работи во најдобар интерес на граѓаните.
Градоначалник на Кичево Благоја Деспотовски.

Градоначалник на Кичево Благоја Деспотовски.


Градоначалникот на општина Сарај Беким Мурати вели дека, иако граѓаните покажуваат интерес за легализацијата, сепак се соочуваат со проблеми од имотно-правен апсект.
Многу брзо оди кај нас постапката за легализација, но некои граѓани имаат само доставено барање, а немаат доставено никакви документи и не можеме да ги решаваме.

„Не случајно е даден период од 6 години да ги приберат сите документи, меѓутоа мислам дека главниот проблем за сите дивоизградени објекти се имотно-правните односи. Граѓаните своите имоти, своите парцели кога ги купиле не ги префрлиле на свое име, па така имотот со генереации се уште се води на тие од кој е купен имотот.“

Во општината Сарај, до истекот на рокот, над 7 илјади луѓе поднеле барање за легализација, а околу 20-тина луѓе добиле конечни решенија. Мурати додава дека проблемот не треба да се бара во администрацијата, затоа што, како што вели, таа им помага на граѓаните колку што е во нејзините можности.

Од друга страна, потпретседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски вели дека во неговата општина пристигнале 19 илјади барања, но околу 3 илјади се неупотребливи.

„Најчесто се таму каде што не можат да бидат изменети на собраќајници, главни артерии и така натаму, тоа е нешто што не може да се адаптира по ниеден основ, ни со промена на регионални планови, ни со промена на детални планови, така да таа легализација не ја земаме предвид, бидејќи тука не е можно да се интервенира од стратешки причини.“

Градоначалникот на Кичево Благоја Деспотовски, како и неговите колеги, тврди дека општината работи со задоволително темпо, односно дека дневно завршуваат по 10 предмети со што до сега од 4 илјади пријави, колку што пристигнале во општината, издале 400 решенија.

„Многу брзо оди кај нас постапката за легализација, но некои граѓани имаат само доставено барање, а немаат доставено никакви документи и не можеме да ги решаваме.“

Постапката се соочува со потешкотии во втората фаза од нејзината реализација, која предвидува утврдување на фактичката состојба на дивоградбите од страна на единиците на локалната самоуправа и подразбира теренска работа на административците. Општините со најголем број поднесени барања и најмалку вработени се подложни на најголем притисок во работата. Владината идеја за легализација на бесправно изградените објекти започна со реализација на 4 март минатата година, а процесот на аплицирање на заинтересираните лица траеше до 3 септември. Надлежните институции ги потсетуваат граѓаните да не чекаат до последен момент при прибирањето на потребните документи и во најскоро време да ги достават до локалните самоуправи за да може постепено да се привршуваат нивните случаи.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG