Достапни линкови

logo-print

Пјонг Јанг покажува знаци на конструктивност?


Кина соошти дека нејзиниот пратеник за северно-корејската нуклеарна програма имал конструктивна размена на мислења со официјален претставник на Северна Кореја за тоа како да се обезбеди мир и стабилност на Корејскиот Полуостров. Детали од разговорите не се соопштени. Меѓународната Аганција за Атомска Енерегија вчера соопшти дека добила покана од Пјонг Јанг да испрати инспектори во таа земја, по речиси три години откако меѓународните инспектори беа протерани од Северна Кореја.
Соединетите Држави и Северна Кореја во минатиот месец постигаа договор според кој Вашингтон ќе испрати храна и друга помош во таа земја, а Пјонг Јанг се согласил да ги суспендира тестирањата на проектили и збогатувањето ураниум, како и да дозволи меѓународните инспектори да се вратат во земјата.
XS
SM
MD
LG