Достапни линкови

Проширувањето на НАТО да е на врвот на агендата на Обама


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и претседателот на САД Барак Обама.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и претседателот на САД Барак Обама.

Проширувањето како столб на НАТО не е на агендата на годинашниот самит на НАТО во мај во Чикаго, пишуваат Морган Роуч и Лук Кофи за Фондацијата Херитаџ. Според нив, од преземањето на функцијата, претседателот Барак Обама има направено малку за поддршка на членство на квалификуваните кандидати. Самитот на НАТО, велат тие, оваа година дава можност тоа да биде поправено.

НАТО „политиката на отворена врата" е од клучно значење за мобилизирање на Европа и нејзините сојузници околу колективната трансатлантска одбрана. Според член 10 од Северноатлантскиот договор, која било европска држава која ги исполнува условите на договорот и демонстрира компетентност да придонесе за безбедноста на Алијансата, ги исполнува условите за членство. САД, пишуваат Морган Роуч и Лук Кофи за Херитаџ, треба да преземат чекори за да бидат сигурни дека политиката на отворена врата нема да биде загушена.

Ветото на Грција е во спортивност со конвенцијата НАТО дека билатералните спорови не го исклучуваат членството на земјите аспиранти во Алијансата.
Авторите во тој прилог наведуваат дека минатата недела Конгресот зазел силен став со преставувањето на нацрт-законот на сенаторот Ричард Лугар наречен „НАТО Акт за засилување – 2012“.

Нацрт-законот го нагласува лидерство на Америка во проширување на Алијансата и го повикува на Стејт департментот да достави извештај за американската заложба за проширувањето. Исто така, во законот се истакнува дека има неколку земји - кандидатки во различни фази на пристапувањето, од која не само што ќе имаат корист овие земји туку ќе ја направат посилна и Алијансата. Со овој закон се повикува претседателот Барак Обама да обезбеди јасен план за членство на Босна и Херцеговина, Грузија, Македонија и Црна Гора на самитот на Алијансата во мај во Чикаго.

Македонија

Во делот за Македонија, како што пишуваат авторите за Херитаџ фондацијата, по завршување на Акциониот план за членство во 2008 година, земјата очекуваше покана за членство на самитот на НАТО во Букурешт. Сепак, и покрај исполнувањето на сите неопходни услови, приемот на Македонија беше блокиран поради едностраното вето на Грција, со која Скопје е во долготраен спор за уставното име.

Ветото на Грција е во спротивност со конвенцијата на НАТО дека билатералните спорови не го исклучуваат членството на земјите аспиранти во Алијансата. Морган Роуч и Лук Кофи ја наведуваат и одлуката на Меѓународниот суд на правдата во декември минатата година, со која грчкото вето е, како што се наведува, „бесрамна повреда на Времената спогодба, потпишана во ОН во 1995 со која Атина се согласи да не ја попречува интеграцијата на Македонија. И покрај ова, статусот на Македонија за членство останува непроменет.

Македонија има малку потпора во повиците до Грција да се преговара. Грција е веќе членка на НАТО и поради внатрешно-политички односи Атина најверојатно ќе го одложи процесот на преговори. Сепак, ова не треба да е изговор за Грција да ја загрози политиката на отворена врата на НАТО и таа треба да работи со Македонија за да се бара решение.

Црна Гора, БиХ и Србија

Во натамошниот текст на Фондацијата се наведува дека Црна Гора има направено значителен напредок во нејзиниот пат кон членство во НАТО, но дека нема да биде подготвена да се приклучи на Алијансата до мај. И во Босна и Херцеговина има напредок, но сепак мора да бидат направени значителни подобрувања, политички и воени, пред да може да се смета како сериозен НАТО аспирант.

Од Балканот се наведува дека засега Србија е членка на „Партерството за мир“ и дека во догледно време не се смета како земја - аспирант.

Во оваа група аспиранти, како што е познато, се и Грузија и Украина.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG