Достапни линкови

САД го осудија апсењето на Жените во бело во Куба


САД ги повикаа кубанските власти да ги ослободат членовите на опозициската група Дамас де Бланко или Жените во бело и да престанат со нивните тактики на заплашување и малтретирање. Вчера 53 членови на групата беа уапсени, само неколку денови пред посетата на папата Бенедикт 16 на Куба.
Дамас де Бланко е една од групите кои бараа да бидат примени кај папата за време на неговата посета од 26 до 28 март.
Членовите на групата бараат ослободување на политички затвореници.
XS
SM
MD
LG