Достапни линкови

logo-print

Партиски препукувања за системот на избор на судии


Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за партизација и политизација на судскиот систем преку избор и напредување на судии врз основа на политички критериуми, а не врз основа на нивните професионални достигнувања. Потпретседателката на СДСМ Ана Павлова Данева изјави дека нестручноста, сервилноста, стравот и подреденоста не смеат да бидат критериуми за избор и напредување на судии. Според неа, судството применува селективна правда, а тоа е најголемата неправда што може да му се случи на едно општество.
Од ВМРО ДПМНЕ реагираа дека системот по кој се избираат, разрешуваат и унапредуваат судиите во Македонија е предложен, утврден и изгласен од страна на СДСМ, на крајот од последниот нивен мандат. Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека СДСМ се поставуваа над институциите на системот и органите на судската власт, оти тие сами одлучуваат дали некој е виновен или не. Според него, СДСМ посакуваат секој судија што ќе донесе пресуда спротивно на нивните интереси да нема можност никогаш да биде унапреден.
XS
SM
MD
LG