Достапни линкови

logo-print

„Изворската музика на боите“, изложба на дела створени во Вевчани


Прес-конференција по повод изложбата на дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“

Прес-конференција по повод изложбата на дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“

35 дела изработени од учесниците на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ во изминативе две години, ќе бидат претставени на изложбата „Изворската музика на боите“ што ќе биде отворена во Музеј на град Скопје.

Нашите Трајче Јанчевски, Илија Кавкалевски, Павле Кузмановски, Глигор Чемерски, Никола Иванов Балтон, Илија Спасовски – Чендо, Петар Попчев, Јулијана Гешовска, Томе Мишев, Горјан Ѓорѓиев, Емил Шулајковски и Владимир Симеонов, како и Филип Буловиќ – Липи од Србија, Русинките Наталија Блаженова, Олга Матвеева и Ана Ремига, Атанас Констадину – Тасо и Марија Чакарова и Живка Маринова од Бугарија, се уметниците чии дела ќе и бидат претставени на публиката на изложбата „Изворската музика на боите“на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, што од 20 март до 1 април ќе се одржи во Музеј на град Скопје.
Ова е најмладата ликовна колонија во Македонија. Колонијата е под спонзорство на еден инвентивен човек, бизнисмен и градител-неимар, како што знаеме вевчанци се сите неимари, тие се раѓаат како градители, тој од чесните пари што ги заработува решил да вложи нешто и во уметноста.

„Ова е најмладата ликовна колонија во Македонија. Колонијата е под спонзорство на еден инвентивен човек, бизнисмен и градител-неимар, како што знаеме вевчанци се сите неимари, тие се раѓаат како градители, тој од чесните пари што ги заработува решил да вложи нешто и во уметноста“, вели еминентниот македонски поет, книжевник и литературен и ликовен критичар Ефтим Клетников кој ќе ја претстави постановката.

Тој дополнува дека цел на Колонијата и со самото тоа на оваа изложба е промоција на културните вредности инспирирани од убавините на Вевчани, спомениците и неговите извори, а со тоа и на Република Македонија како држава.
Прес-конференција по повод изложбата на дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“

Прес-конференција по повод изложбата на дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“


„Достоевски велеше дека уметноста, односно убавината ќе го спаси светот, еден утопизам кој му е потребен на човекот особено денес во ова катаклизмично, катастрофично време, а Македoнија дава пример дека и е наклонета на убавината во изобилство, иако е неразбрана.“
Имам посебна инспирација да работам таму. Ние сме таму гости, меѓутоа домаќините во секој момент прават, како да сме родени во Вевчани. Дружењето е секундарно но не е и неважно затоа што се дружиме уметници од разни краеви на Европа.

Сликарот Петар Попчев, кој на два пати учествувал на Колонијата, како посебности ги издвојува неограничената инспирација што му надоаѓа од природните убавини на Вевчани, потоа условите што ги овозможуваат домаќините и конечно дружбата што се развива помеѓу уметниците од сите краеви на Европа.

„Имам посебна инспирација да работам таму. Ние сме таму гости, меѓутоа домаќините во секој момент прават, како да сме родени во Вевчани. Дружењето е секундарно но не е и неважно затоа што се дружиме уметници од разни краеви на Европа.“

Особено важно е и тоа што на третото, годинешно, издание „Вевчанските видувања“ ќе го промовираат и својот мулимедијален карактер, па така на колонијата покрај сликарите планирано е учество да земат и литературните дејци и музичките уметници од земјава и од регионот.

Инаку, изложбата во Музеј на град Скопје е петта по ред. Делата од првата и втората колонија во Вевчани (кои се претставени и во каталог), досега се прикажани на изложбите во Подгорица, Неготино, Струмица и во Кавадарци, а најавени се и постановки во главните градови на земјите на странските учесници (Софија, Тирана, Белград), а наскоро се планира и вакво претставување на „Вевчански видувања“ во Кина.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG