Достапни линкови

Меѓународното присуство на Балканот нема да дозволи дестабилизација на регионот, коментираат аналитичарите, по изјавите на некои политичари за прекројување на границите. Според експертите, членството во ЕУ и НАТО ќе допринесе за стабилен и безбеден Балкан.

Во еден политичко-економски систем на постојано опаѓање на вредностите, вообичаени се емотивните изјави на политичарите кои предвидуваат ново прекројување на границите на Балканот. Истите имаат дипломатско-психолошки карактер кои знаат да ја вознемират јавноста, но актерите кои ги испраќаат немаат сила да тргнат кон радикално прекројување на регионот, анализираат домашните експерти.
Тука има силно меѓународно прусуство, војните се веќе зад нас, воените капацитети за некаква поголема дестабилизација отсуствуваат, но можни се дестабилизации од помал обем какви што и видовме изманитите нeколку недели.

Доколку ваквите сценарија се реализираат, очекуван е домино ефектот, вели професор Билјана Ванковска, која не очекува дестабилизација од поголеми размери, пред се поради меѓународното присуство на Балканот.
Граничен премин Табановце

Граничен премин Табановце


„Тука има силно меѓународно прусуство, војните се веќе зад нас, воените капацитети за некаква поголема дестабилизација отсуствуваат, но можни се дестабилизации од помал обем какви што и видовме изминитите нeколку недели.“

Последните инциденти во земјава, според Ванковска, се организирани, а не спонтан излив на гнев. Некој ја искористи таквата ситуација, за да ја „откочи спиралата на стравот“, вели таа.
Не треба да се престане со евроатланската интеграција, односно, што поскоро овој регион треба да се вклучи во евро-атланските структури, затоа што со тоа пред се доаѓа стабилноста, а потоа и тој економски развој и стандард.

„Тоа е, не сакам да драматизирам, но би го нарекла некој вид на урбан тероризам, во кои инцидентот кој се прави не е со намера да ја дестабилизира конкретната заедница, туку да прошири страв и и да прати порака дека е се можно.“

Анализирајќи ги последните настани, потпретседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани вели дека се резултат на национал-романтичната политика на Владата, како и тоа што земјава, па и регионот доцнат со зачленувањето во Европската унија и НАТО.
Оружје пронајдено кај ученици при претрес на МВР во Скопје

Оружје пронајдено кај ученици при претрес на МВР во Скопје


„Не треба да се престане со евроатлантската интеграција, односно, што поскоро овој регион треба да се вклучи во евро-атлантските структури, затоа што со тоа, пред се, доаѓа стабилноста, а потоа и тој економски развој и стандард.“
Во НАТО важи геслото - Гледајте што вие можете да направите за НАТО, а не што може НАТО да направи за вас. Ние можеме да направиме за НАТО интензивни реформи, политички дијалог, надминување на оние проблеми со медиумите, надминување на политизацијата на судството, на администрацијата.

И според поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин членството во евроатланските структури ќе овозможи поголема стабилност и безбедност во земјата и регионот. Сепак, предупредува дека тоа нема да значи крај на проблемите. Македонија, вели Ружин, е најсложениот мултиетнички модел на Балканот, чие функционирање е разнишано поради несоодветниот однос на одредени политички партии, кои Охридскиот рамковен договор го сфатија како квантитет, а не како продолжување на неговиот дух, односно квалитет.

„Во НАТО важи геслото - Гледајте што вие можете да направите за НАТО, а не што може НАТО да направи за вас. Ние можеме да направиме за НАТО интензивни реформи, политички дијалог, надминување на оние проблеми со медиумите, надминување на политизацијата на судството, на администрацијата.“

И Ванковска вели дека радикалните сили во регионот се покомотни кога земјата не е интегрирана во евроатланските структури.

„Во таков случај остануваат и Македонија отворено прашање, меѓутоа и оние замрзнати конфликти во Косово и во Босна, во таа смисла членството на Македонија во овие интеграции е од суштинско значање.“

Иако не предвидуваат црни сценарија, аналитичарите се загрижени за иднината на земјава, не толку во однос на нејзиниот опстанок, туку во однос на уставно-политичкиот облик во кој таа функционира. Впечатокот во јавноста дека ние не можеме заедно, оти треба повеќе да се оддалечат етникумите и дека е тоа еден вид трајно примирје е она што ги плаши домашните експерти.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG