Достапни линкови

АИ го обвини НАТО за неводење истрага за цивилните жртви во Либија


Организацијата за човекови права Амнести интернешнал денеска го обвини НАТО затоа што не го истражил убивањето цивили за време на воздушната кампања на Алијансата во Либија. Амнести интернешал исто така го обвини НАТО за неисплаќање компензација на семесјтвата на жртвите. Оваа организација има документирано 55 случаи на цивилни жртви, вклучувајќи 16 деца и 14 жени. Сепак, АИ истакнува дека НАТО, за време на кампањата на поддршка на бунтовниците против режимот на Моамер Гадафи, презел значајни напори за избегнување на цивилните жртви.
XS
SM
MD
LG