Достапни линкови

Турција ја враќа историјата


Од создавањето на турската секуларна држава врз урнатините на Отоманската империја, враќањето кон империјалистичката ера на таа земја не беше многу пожелно. Но, според рекордниот број гледачи на новиот филм за освојувањето на Константинопол, деновите кога Турција ја игнорираше својата историја се чини заминаа засекогаш.

Турција веќе не се колеба да ја покаже својата поранешна слава дома, но и пред светот кој е соочен таканаречениот неоотоманизам на таа земја како надворешно-политичка алатка.
Освојувањето на Истанбул е извонредно спектакуларен настан со сите негови последици. Тоа е настан кој го смени курсот на светската историја и сакам да ја раскажам таа приказна на целиот свет, не само на турскиот народ. Според огромниот интерес во странство изгледа дека ја постигнавме целта.
Фарук Аксој, режисер на филмот Освојување 1453.

„Како што предвиде нашиот Пророк: Константинопол еден ден ќе биде освоен. Командантот што ја води битката е благословен, како и неговите војници.“

Ова е воведот на „Освојување 1453“, раскошно продуциран филм режиран од Фарук Аксој.

Во него има голема доза на насилство, секс и симболизам за да ги потсети гледачите како султанот Мехмед Втори го освои срцето на Византиската империја и го преименува во Истанбул.
Сцена од филмот „Освојување 1453“
Сцена од филмот „Освојување 1453“

Со буџет од 17 милиони долари и со помош на многу државно контролирани ентитети, ова е најскапиот турски филм досега.
Тие не гледаат на 18 век на пример. Тие гледат на славните денови на империјата и често неисториски ги толкуваат историските успеси. Во основа, пораката е јасна дека земјата сега е подготвена на големи денови токму како и во 15 век.
Соли Озел, колумнист за турскиот весник Хабертурк.

„Освојувањето на Истанбул е извонредно спектакуларен настан со сите негови последици. Тоа е настан кој го смени курсот на светската историја и сакам да ја раскажам таа приказна на целиот свет, не само на турскиот народ. Според огромниот интерес во странство изгледа дека ја постигнавме целта“, вели режисерот Аксој.

Неговиот успех, според експертите, може да се објасни со обновената љубовна врска на Турците со повторно откриеното отоманско минато.

„Нашата турска историја не ни е кажана и тоа мора да се смени.“

„Ние бевме една од големите сили во минатото, но за разлика од другите никогаш не бевме империјалисти“, велат граѓаните.
Сцена од филмот „Освојување 1453“.
Сцена од филмот „Освојување 1453“.

Ваквите позитивни интерпретации на историјата кај Турците, според многумина, се резултат на децениското владеење на Партијата на развојот и правдата која има исламистички корени.

Со рекорден економски пораст со кој земјата се претвори од болниот на Европа во европски тигар, историското будење и одговора на визијата на власта.

„Тие не гледаат на 18 век на пример. Тие гледат на славните денови на империјата и често неисториски ги толкуваат историските успеси. Во основа, пораката е јасна дека земјата сега е подготвена на големи денови токму како и во 15 век“, вели Соли Озел, колумнист за турскиот весник Хабертурк.

Тој додава дека пораката се однесува и на земјите зафатени со Арапската пролет.

Впрочем, шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу деновиве изјави дека Блискиот Исток под отоманите бил помирно и постабилно место за живеење од денес.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG