Достапни линкови

Индија најголем увозник, а САД и Русија најголеми извозници на оружје


Индија е најголемиот светски увозник на оружје, додека Соединетите држави и Русија најголемите извозници, со скоро половина од целото продадено оружје во светот. Во најновата студија на Меѓународниот институт за мировни истражувања со седиште во Стокхолм се прецизира дека во периодот меѓу 2007 и 2011 година Индија била вклучена со 10 насто во целиот увоз на оружје, најмногу од Русија, Британија и Израел. И другите врвни увозници се од Азија, односно Јужна Кореа, Пакистан, Кина и Сингапур. Најголеми извозници се Соединетите држави со 30 насто од целиот извоз на оружје во светот, по што следи Русија со 24 проценти која пак најмногу и продава на Кина. Трет најголем извозник на оружје е Германија, а по неа е Франција.
XS
SM
MD
LG