Достапни линкови

Во Москва разговори за хуманитарна помош за Сирија


Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст Јакоб Келенбергер денеска во Москва ќе разговара со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за начините како да се достави хуманитарна помош во Сирија. Според Келенбергер, неопходни се двочасни прекини на огнот дневно за да може да се евакуираат ранетите од опколениот Хомс. Обединетите нации соопштија дека во над едногодишното востание против претседателот Башар ал Асад загинале 9 илјади луѓе, над 30 илјади ја напуштиле земјата, а околу 200 илјади се расселени.
XS
SM
MD
LG