Достапни линкови

logo-print

БиХ: две лица загинаа во експлозија на противпешадиска мина


Двајца мажи на возраст од 27 и 28 години загинаа при експлозија на противпешадиска мина во околината на Лукавац, во североисточниот дел на Босна и Херцеговина, соопшти синоќа босанската цивилна заштита. Несреќата се случила на минско поле останато од времето на Војната во БиХ од 1992 до 1995 година. Тие тргнале да сечат дрва и влегле во минска зона, иако во областа имало предупредувачки табли. По војната во Босна и Херцеговина околу 580 лица загинаа во експлозии на заостанати противпешадиски мини. Околу три проценти од територијата на БиХ се уште е минирана, покажуваат официјалните податоци.
XS
SM
MD
LG