Достапни линкови

logo-print

Победа на Ромни во Порторико


Мит Ромни.

Мит Ромни.

Мит Ромни направи уште еден чекор за да стане републикански кандидат за предизвикувач на претседателот Барак Обама на претседателските избори во ноември. На гласањето во Порторико, тој го победи неговиот ривал Рик Санторум, освојувајќи околу 50 проценти од гласовите. Победата во Порторико доаѓа во пресрет на клучните прелиминарни избори во државата Илиноис кои треба да се одржат утре. Анкетите покажуваат дека Ромни и Санторум таму ќе бидат во тесна трка.
XS
SM
MD
LG