Достапни линкови

Претседателот на Источен Тимор го призна изборниот пораз


Илустрација: Источен Тимор.

Илустрација: Источен Тимор.

Претседателот на Источен Тимор Хозе Рамос-Хорта го призна изборниот пораз. Тој им честиташе на двајцата негови противкандидати кои обезбедија учество во вториот круг од изборите што ќе се одржи во април. Во вториот круг ќе се избира меѓу Франциско Гутерес од најголемата опозициска партија Фретелин и поранешниот шеф на армијата и герилски лидер Хозе Марија де Васконселос.

Хозе Рамос-Хорта, кој преживеа обид за атентат во 2008 година, во 1996 година ја доби Нобеловата награда за мир за залагањата за мирно решавање на конфликтот во Источен Тимор.

Аналитичарите велат дека неговиот пораз се должи на сиромаштијата во земјата.
XS
SM
MD
LG