Достапни линкови

Ослободени двајцата британски новинари кои беа уапсени во Либија


Илустрација.

Илустрација.

Ослободени се двајцата британски новинари кои минатиот месец во Либија беа приведени од страна на локална милиција. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Николас Дејвис-Џонс и Монтгомери Герет-Џонсон се ослободени од обвиненијата за шпионажа. Двајцата новинари работеле за англискиот сервис на иранската телевизија Прес ТВ.

Меѓународните организации за човекови права, вклучувајќи ги Амнести интернејшнал и Репортери без граници соопштија дека двајцата Британци се уапсени нелегално и ја повикаа милицијата, или да ги ослободат веднаш или да им ги предаде на официјалните либиски власти.

За аналитичарите, фактот што тие беа држени од страна на милицијата толку долго укажува на слабоста на централната власт во Либија.
XS
SM
MD
LG