Достапни линкови

logo-print

Црвен крст бара начин како да испрати помош во Сирија


Рането дете во Хомс.

Рането дете во Хомс.

Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Јакоб Келенбергер, на денешната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе разговара за тоа како да се испрати хуманитарна помош во Сирија. Келенбергер изјави дека е потребен двочасовен прекин на огнот за да се евакуираат повредените од градот Хомс кој е под опсада.

Заедничка мисија на Организацијата за исламска соработка и на Обединетите нации е веќе во Сирија за да направи проценка за хуманитарните потреби на земјата.

Според податоците на ОН, за време на едногодишните насилства во земјата загинале околу 9.000 луѓе, околу 30 илјади побегнале од земјата и уште 200 илјади се внатрешно раселени.
XS
SM
MD
LG