Достапни линкови

Двајца италијански туристи киднапирани во Индија


Индиската полиција соопшти дека маоистичките бунтовници киднапирале двајца италијански туристи во источниот дел на земјата. Според нив, 54 годишниот Паоло Бусуско и 61 годишниот Клаудио Колангело се движеле во забранета зона во Ориса во минатата среда заедно со двајца Индијци.
Потпаролот на бунтовниците ги обвини туристите дека фотографирале жени додека се бањале. Тие наведоа листа на барања за ослободување на заложниците.
XS
SM
MD
LG